ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЈАНКО УЗУНОВ, „МОМЧЕТО СО МАНДОЛИНА“ ОД ВАЛАНДОВО, НАЈДОБАР ГИТАРИСТ НА ГИТАРИЈАДАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО 1969 ГОДИНА
Да беше жив, Јанко Узунов денес ќе наполнеше 75 година. Узунов е роден на 15 февруари 1951 година во Валандово, во семејство по потекло од Богданци, а музичката кариера ја започнал на почетокот на седумдесеттите години на 20 век со првата снимка, „Магдалена", песна на Димитар Масевски. Во 1969 година пристигнал на студии во Скопје - Земјоделско-шумарски факултет и по завршувањето на факултетот се запишал и на Музичката академија, наставно-теоретски одел. Како агроном, Узунов работел пет-шест години. Узунов починал ненадејно од срцев удар во Берово, на 24 август 2014 година, каде бил со својата сопруга Жаклина на одмор. Узунов започнал да се занимава со музика уште како дете. На деветгодишна возраст почнал да свири на мандолина, во музичката секција на училиштето. Неколку години подоцна, сестра му од Скопје му донела ученичка гитара и, оттогаш, тој се насочил кон гитарата. Учел сам, и веќе во 1966 година, во Валандово ја оформил рок групата „Златни стени“, која молскавично брзо стекнала популарност, и тоа низ цела Македонија. Групата настапувала и на тогашните актуелни гитаријади, а во 1969 година, на гитаријадата во Гевгелија, Узунов бил прогласен за најдобар гитарист и списането „Млад борец“ му доделило електрична гитара.
Узунов во текот на сета своја богата музичка кариера во македонската јавност бил доживуван како „Момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеал со Цветанка Ласкова, на Фестивалот во Опатија. Подоцна, Узунов започнал да се занимава и со новокомпонирана фолк музика, останувајќи запаметен како автор на песните „Чаки панкерот“ и „Звучна фантазија“. Во последните години од животот, Узунов бил насочен на работата на своето приватно музичко училиште „Узун“
Узунов има одржано голем број на концерти ширум светот, а особено беше омилен меѓу македоннците во Австралија, Канада и Европа. Меѓународна слава бележи и со концертните активности во Бугарији када со оркестарот на РТВ Софиа настапувал со Вили Казасијан, а на "Златниот Орфеј" ја делел бината и со големата италијанска ѕвезда Ал Бано. Пред легендарниот Маршал Тито ја опеал песната за „Делчев војвода“, а љубовта кон татковината Македонија била негова најсилна инспирација.
... See MoreSee Less


0 CommentsComment on Facebook
НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН РАЈКО ЖИНЗИФОВ, ГО НАПИШАЛ ПРВИОТ РАСКАЗ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „НА ПРОШЕДБА“.
„На прошедба“( На прошетка) е првиот расказ напишан на народен јазик во македонската литература. Расказот е посветен на неговиот учител Димитар Миладинов. Темата е впечатоците на авторотод прошетката во селото Врбјани.Идеата е дасе прикаже тешкиот живот на македонскиот народ и потребата за ослободување од ропството. Мотото на расказот е народната поговорка’’ Зол трн,зла копачка’’со која се покажува идејата на авторотз за слобода на народот и уништување на ропството.Постојат двајца наратори(раскажувачи),тоа се авторот и дедо Стојан. Во расказот на реалистичен начин се опишува тешкиот животот на народот,неговата експлоатација,грчкото влијание,народните обичаи,носијата градската облека и др. Според композицијата и стилот расказот нема уметничка вредност,но е значаен како прв расказ во македонската литература од 19 век.
Рајко Жинзифов (15 февруари 1839 – 15 февруари 1877) бил роден во Велес во влашко гркоманско семејство. Неговото вистинско име било Ксенофон Ѕинѕиф.
Татко му, Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.
Ксенофон Ѕинѕиф во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Под негово влијание го променил грчкото име во словенско – Рајко Жинзифов.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва, каде се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.
По завршувањето на универзитетот, се вработил како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжил со книжевна дејност, но главно со превод и публицистика, а соработувал и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.
Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошуља“, која е издадена во 1870 година, на македонски јазик. Го напишал и првиот расказ на македонски јазик „На прошедба“.
... See MoreSee Less

1 CommentsComment on Facebook
ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДЕЛУВААТ КАКО ДРОГА ВРЗ МОЗОКОТ НА НАШИТЕ ДЕЦА. !!!
Просечен ученик во нашите училишта не може да седи, не може да пишува, не може да чита, нема концентрација и слично. И одеднаш се добива дете кое не може да учи. Секоја нова генерација е послаба од претходната, а тоа претходно речиси и никогаш не се случувало.
Паметните телефони на некој начин ни го одземаат паметот и доведуваат до симптоми на една од најстрашните болести на денешница т.е деменција. Додека со прстите вртиме и скроламе низ екранот, се лачи допамин и ендрофин, па нашиот мозок е како под дејство на дрога.
Само во текот на еден ден просечен ученик прима и обработува повеќе информации отколку што просечен човек кој живеел во 15-тиот век примил и обработил во текот на целиот свој живот. Пред дваесетина години на Хардвард спроведено е истражување, чиј резултати се навистина загрижувачки. Утврдено е дека длабоките делови на мозокот кај испитаните тинејџери се атрофични
... See MoreSee Less

0 CommentsComment on Facebook
ДЕНЕСКА Е СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО.
Меѓу народот се вели дека Сретение е празник кога се сретнуваат зимата и пролетта и дека по овој празник не може да има такви студови како пред него. На 15 февруари, православните верници го слават Сретение Господово, денот кога луѓето првпат се сретнаа со малиот Исус Христос.
Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец.
На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм.
На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.
... See MoreSee Less

0 CommentsComment on Facebook
СВЕТИ ТРИФУН ИЛИ СВЕТИ ВАЛЕНТИН
ЗА ВИНОТО И ЉУБОВТА
О, ти, вино, вато,
шчо ми скрши врато!
Кој те тебе пиет,
без невеста спиет,
кој те тебе љубит,
капа си губит,
кој те тебе сакат,
без гашчи си скакат!
Свети Трифун или Свети Валентин? Секоја година на 14 февруари се отвора истата дилема, кој празник да се слави. Дали славењето на едниот или на другиот е погрешно и колку е во согласност со македонската традиција?
Свети Трифун е празник што е дел од православната традиција и се празнува според календарот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, а во Македонија се слави како заштитник на лозарите.
Од друга страна, пак, Свети Валентин се слави повеќе во католичките земји, но кај нас последните десетина години масовно се одбележува меѓу младите како ден на вљубените.
Многупати се поставува една поделба дека православните треба да го слават само Свети Трифун, а католиците само Свети Валентин.
Теолозите велат дека и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од светителите се изградил одреден култ кај одредената црква. И Свети Трифун и Свети Валентин се маченици што се прогласени за свети и ги празнува целата црква и на Исток и на Запад, односно и Православната и Католичката црква.
... See MoreSee Less


0 CommentsComment on Facebook
СВЕТИ ТРИФУН СЕЧЕ, АМА НА ЛЕТО МИРИСЕ
Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.
Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.
(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)
Според верувањата во гевгелиско, што ги запишал С. Тановиќ, свети Трифун бил винар и имал многу лозја. Поради тоа што овој крај се наоѓа на југ и пролетта побргу се чувствува се сметало дека од овој празник почнува да мириса на лето па се велело: „Свети Трифун сече ама на лето мирисе“. Од овие причини, на овој ден се започнувала работата во полето, особено во лозјата и бавчите. Жените, пак, на овој ден ништо не работеле особено избегнувале работа со игла. Попладнето оделе во полето каде што береле зелје зашто се верувало дека на тој ден треба да се касне зеленило.
Во народот постојат повеќе приказни во врска со тоа како св. Трифун си го пресекол носот. Во преданието од гевгелиско се раскажува дека свети Трифун и Богородица биле брат и сестра. Еднаш кога Трифун работел во лозјето Богородица тргнала низ полето да бере зелје. Берејќи запеала, Трифун слушајќи го гласот не познал дека тој е од Богородица, па се провикнал: „Ох, ох, ох“. Слушајќи го тоа провикнување Богородица го познала дека е гласот од нејзиниот брат и помислила дека тој си го пресекол носот и дека затоа вика. Отрчала дома, зела крпи и побрзала да му ги однесе за да си го врзе носот. Но кога пошла таму и му кажала што помислила тој рекол: „Јас вака режам, а не вака“. Притоа покажувајќи како го правел тоа, навистина си го пресекол носот. Народот мисли дека Господ го казнил затоа што се провикнал кон својата сестра мислејќи дека е туѓа женa
... See MoreSee Less

0 CommentsComment on Facebook
КК „КОЖУВ“ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КОШАКАРСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Со победата над Маџари со 84-80, гевгеличани се пласираа во полуфиналето на македонскиот кошаркарски Куп. Денес од 17 часот тие го играат првото полуфинале со МЗТ-Скопје. Во вториот полуфинален меч, од 19,30 часот се среќаваат екипите на домаќинот Куманово и ТФТ.
... See MoreSee Less


0 CommentsComment on Facebook
СВЕТИ ТРИ СВЕТИТЕЛИ,
ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ, ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ И ЈОВАН ЗЛАТОУСТ.
Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.
На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството
Христијанската црква на овој ден заедно го празнува споменот на св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, иако тие си имаат и посебни празници. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). А причината за востановување на овој заеднички празник е следнава: Во втората половина на XI век за време на царот Алексеј I Комнен во Цариград настанал спор меѓу населението кој од тројцата светители е позначаен. Народот се поделил на Василевци, Григоровци или Јовановци. Тогаш тројцата светители, најпрвин секој одделно, а потоа и заедно му се јавиле на епископот Јован, епископ Евхаитски и тоа не на сон туку на јаве и му рекле:
„Ние сме еднакви пред Бога, како што гледаш, меѓу нас нема поделби ниту какви било меѓусебни спротивности. Секој од нас одделно во свое време, поттикнат од божествениот Дух, напишавме соодветни поуки за спасение на луѓето. Тоа што го научивме тајно, на луѓето им го предадовме јавно. Меѓу нас нема ниту прв, ниту втор. Ако ти се повикаш на едниот со тоа се согласни и другите двајца. Затоа заповедај им на оние што се расправаат поради нас, да ги прекинат кавгите, зашто како и во животот така и по смртта ние се грижиме за тоа краевите на вселената да ги сведеме кон мир и согласност. Имајќи го ова предвид, соедини го во еден ден нашиот спомен и како што ти прилега состави ни празнична служба и дај ја на другите, за да имаме еднакво достоинство пред Бога. И ние, на тие што го почитуваат нашиот спомен ќе им бидеме помошници при спасението, зашто се надеваме дека имаме некоја заслуга кај Бога“. Кажувајќи му го тоа на епископот тие почнале да се креваат кон небото, светејќи со неискажана светлост и повикувајќи се еден со друг по име.
Според народното предание од Гевгелиско се вели дека св. Јован е наречен Златоуст затоа што зборувал дека литургијата треба да се служи за една пара, а не за 1000 гроша како што барале некои. Ако бараме толку, велел тој, нема да ја порачуваат ниту богатите, а камоли сиромасите. Затоа велеле дека зборувал „сус златна уста“ и дека „златни лакрдии прогувурил.“ Инаку во овој крај празникот на св. Јован Златоуст што се празнува на 27 јануари (с.с.) се сметал за лесен празник и тогаш можело да се работи.
... See MoreSee Less

0 CommentsComment on Facebook
ВО ГЕВГЕЛИЈА ДВЕ ПОБЕДИ ПРОТИВ АВСТРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ФУТСАЛ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, изминатите два ден се одиграа два контролни натпревари помеѓу Футсал репрезентацијата на Македонија и Футсал селекцијата на Австрија. И на двата натпревари македонските репрезентативци беа поуспешни од Австрија, првиот дуел го добија со 5-3 а вториот со 4-2.
Организатор на овие меѓународни дуели беше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со Општина Гевгелија. Средбите се дел од подготовките на националниот тим за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Македонија во квалификациите е дел од Ц групата во која партиципираат уште Литванија, Турција и Бугарија. Домаќин на турнирот што ќе се одигра во периодот од 6 до 16 април е Литванија, а пласман во главната рунда обезбедуваат освојувачите на првите две места.
... See MoreSee Less



0 CommentsComment on Facebook

